Спорт

Ѓоковиќ преку Боргес до 199 полуфинале во кариерата

Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на турнирот во Атина откако денеска во два сета со 7-6 и 6-4 го совлада португалскиот тенисер Нуно Боргес.

За Ѓоковиќ ова беше прва средба со Боргес, иако мечот заврши во два сета, победата не беше лесна.

Ѓоковиќ влезе добро во натпреварот, играше колку што е потребно за постојано да врши притисок врз својот ривал. Пропушти две брејк топки на почетокот од натпреварот, а потоа на 4-4, Борхес имаше 15-40. Првиот сервис на Новак тогаш не функционираше, но вториот му успеа, па се извлече од проблеми со тоа, како и со неколку многу храбри одлуки. Се водеше до тај-брејк, а Србинот го покажа своето искуство и квалитет и го „исчисти“ својот ривал со 7-1 за водство од 1-0 во сетови по нешто повеќе од еден час игра.

Вториот сет беше сличен на првиот – играчите беа максимално израмнети и немаше никаква најава дека може да дојде до брејк. Боргес, сепак, не го издржа притисокот, загуби сервис при 3-3 кога направи неколку грешки и тоа се покажа клучно за мечот. Новак рутински ги помина своите следни два сервис-гема и заслужено се пласираше во полуфиналето.

Српскиот ас во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот Ханфман-Жирон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons