Ѓоковиќ првпат ќе игра финале во Грција!
Новак Ѓоковиќ релативно лесно во два сета го победи германскиот тенисер Јаник Ханфман и се пласираше во финалето на турнирот во Атина.
Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6-3, во вториот беше подобар со 6-4. Мечот траеше еден час и дваесет минути.
Грција ќе биде 23. земја во која Србинот ќе игра финале, тоа е фантастично достигнување.
Во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Корда и Мусети.



