Спорт

Ѓоковиќ поразен, Алкараз доминантно ја одбрани титулата на Вимблдон!

Иако се очекуваше голема драма и спектакуларна борба, Шпанецот Карлос Алкараз без премногу мака успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон и ја заокружи победата со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6/4. 

Српскиот ас имаше премногу грешки, особено во играта на мрежа, додека Алкараз делуваше застрашувачки мотивирано и покажа дека неговото време допрва доаѓа. Ѓоковиќ во првите два сета делуваше дезориентирано и не успеваше никако да фати ритам, а во третиот сет пружи силен отпор, но Алкараз успеа да направи брејк во деветтиот гем и беше на само чекор од триумфот. 

Ѓоковиќ не дозволи веднаш да заврши мечот, успеа да спаси три меч-топки за Шпанецот и потоа успеа да го возврати брејкот, водејќи го третиот сет во тај-брејкот. Алкараз продолжи со феноменалната игра и ги искористи неизнудените грешки на ривалот, па на крајот го комплетираше третиот сет со конечни 7-6/4. 

Младиот шпански ас сосема заслужено го освојува вториот Вимблдон во низа, покажувајќи дека поседува неверојатен талент и огромен потенцијал за во иднина. Ова беше реприза на минатогодишното финале, кога Ѓоковиќ исто така потклекна пред Алкараз. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons