Ѓоковиќ лесно го помина и второто коло на Ролан Гарос
Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 го совлада Алекс Молчан од Словачка и се пласира во третото коло на Ролан Гарос.
Првиот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ без проблеми го совлада Молчан. Србинот се помачи само во третиот сет. Првиот го доби со 6-2, вториот со 6-3, а во третиот се играше тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-4. Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Бедене кој со 3-1 беше подобар од Куевас. Од денешните мечеви интересен беше дуелот на Александер Зверев против Аргентинецот Баез. Германскиот тенисер губеше со 2-0 во сетови, но успеа да го сврти мечот и да го добие со 3-2.