Спорт

Ѓоковиќ испадна во второто коло во Индијан Велс, но напредуваше на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испадна уште на стартот од првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс, но тоа не се одрази на неговиот пласман на АТП листата.

Поради лошите резултати на конкурентите, тој дури и привремено го поправи својот пласман и од седмата позиција на која се наоѓаше пред почетокот на Индијан Велс, се качи на петтото место, на листата во живо.

И играчите зад него не се прославија, Руд испадна во второто коло и загуби 190 бода, Рубљев исто така, а синоќа својот пат го заврши и Циципас.

Во моментов, можат да го поминат само Алекс де Минор или Данил Медведев, но само еден од нив и тоа ако триумфира во Калифорнија.

Со оглед на тоа што лани не играше во Мајами, Ѓоковиќ нема да загуби бодови на овој турнир и може само да добие и, евентуално, да го подобри својот пласман што би било позитивно за него пред следните Мастерси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons