Спорт

Ѓоковиќ елиминиран на стартот и во Мајами 

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на големите турнири, откако денеска запиша уште еден разочарувачки пораз. На стартот на Мастерсот во Мадрид, најдобриот српски тенисер беше елиминиран од Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Ѓоковиќ не успеа да го пронајде своето темпо, повторно правеше многу грешки, а Арналди знаеше како да ги искористи сите слабости на противникот. Во првиот сет, клучен беше осмиот гем, кога Италијанецот го одзеде сервисот на Ѓоковиќ за водство од 5-3 и без многу мака го освои сетот.

Во вториот сет, Арналди направи еден брејк, кој беше доволен за да дојде до најголемата победа во својата кариера. Ѓоковиќ со овој пораз потврди дека се наоѓа во сериозна криза кога во прашање се настапите на големите турнири.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons