Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на Ролан Гарос со 3:1, по сетови 6:3, 5:7, 6:1 и 6:1. Средбата траеше 3 часа и 15 минути.
Триесет и шестгодишниот Србин забележа осум асови, три двојни грешки и седум реализирани брејк топки од 12 шанси.
Дваесетгодишниот Шпанец имаше три сервиси, две двојни грешки и две реализирани брејк топки од 12 можности.
Алкараз во третиот сет при резултат 1:1 го повреди скочниот зглоб поради што зеде медицински тајм-аут. После тоа, првиот рекет на светот одзеде само еден гем од 12.
Во финалето на Грен слемот во Париз, Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Каспер Руд (Норвешка) и Александар Зверев (Германија).