Ѓоковиќ беше исвиркан на меч од Евролигата
Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ вчера беше присутен на мечот од кошаркарската Евролига меѓу Панатинаикос и Макаби, домашните фанови не го прифатија најдобро.
Ѓоковиќ веќе некое време со своето семејство живее во Атина, па вчера одлучи да отиде на кошаркарски меч на Панатинаикос.
Кога камерата го покажа, голем дел од фановите на Панатинаикос го исвиркаа.
Причината е едноставна, Ѓоковиќ е фан на Црвена звезда, а тоа е збратимен клуб на Олимпијакос, најголемиот ривал на Панатинаикос.
Зелените не ја сакаат црвено-белата комбинација на бои, па оттаму и свирежите за Новак Ѓоковиќ.



