Шокантни откритија во ФЗО: 206 лица земале плата а не се појавиле на работа, 800 илјади евра пари на граѓаните отишле во ветар
Шоканти откритија покажа вчерашниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за здравствено осигурување. Како што е наведено во извештајот пронајдени се 206 лица кои земале плата, а не се појавиле на работа или тоа чинело 800 илјади евра пари на граѓаните. Договорите биле од два месеца до една година, а во нив немало ниту обврска да доставуваат извештаи за сработеното.
Друга работа која ја откриле ревизорите се наградите кои се делеле во Фондот за вработени кои „постигнуваат особени залагања“. Само по овој основ во 2023 година се поделени 2,5 милиони денари за кои не постојат соодветни документи. Покрај ова, според ревизорите ПИОМ со години се соочува со недостаток на стручен и обучен кадар во клучните сектори, подрачните единици, ИТ секторот и одделението за внатрешна ревизија.
Според ревизорите претходната влада го прекршила Изборниот законик со носењето на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани само два месеци пред распишување на претседателските и парламентарните избори. Спротивно на членот 8-а од Изборниот законик во предизборниот период се исплатиле речиси 2 милијарди денари.
Сметката на фондот ја празнат и извршителите, кои повлекуваат пари за пензионери кои имаат долгови. По овој основ 18 извршители повлекле над 4 милиони денари во 2023та.