Македонија

Шефот на ОДИХР во посета на Јавното обвинителство 

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во посета Матео Мекачи, шефот на Мисијата на ОДИХР за набљудување на локалните избори, со кого, како што информираат од ЈОРСМ, детално разговарале за сите надлежности на обвинителството во постапките по евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес.

Коцевски, се вели во соопштението, го информирал Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

-Комисијата е формирана и веќе работи, а евентуалните пријави за кривични дела поврзани со изборите ќе имаат приоритет во постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период, нагласија Коцевски и претседателот на Комисијата Џељаљ Бајрами.

Во тој контекст, беше истакнато дека Јавното обвинителство од почетокот на изборниот процес е веќе во координација и со другите надлежни институции, како што се ДКСК, ДЗР и Државната изборна комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons