Швјонтек без загубен гем ја победи Анисимова за прва титула на Вимблдон
Ига Швјонтек за помалку од еден час игра ја победи Аманда Анисимова во финалето на Вимблдон и тоа без да загуби гем, за полската тенисерка ова е шеста грен-слем титула, а прва на овој турнир.
Полската тенисерка одигра неверојатен меч, иако се работи за финале на Вимблдон, нејзината американска противничка не успеа да освои ниту еден гем.
Швјонтек го доби мечот со 6-0 и 6-0 за само 58 минути игра.
За неа ова е шеста грен-слем титула, прва на Вимблдон.
Тенисерката од Полска досега нема загубено финале на грен-слем турнир.
Фото: EPA Photo