Чурлинов е интересен за клубови од Полска, но Турците не го пуштаат да си оди
Дарко Чурлинов со своите настапи во турскиот Кочаелиспор предизвика интерес во Полска.
Македонскиот репрезентативец е на мета на Легија Варшава, која е меѓу неколкуте полски клубови заинтересирани за потписот на Чурлинов. Сепак, Турците не планираат да се откажат од Македонецот, особено не среде сезона.
Медиумите во оваа земја пишуваат дека Чурлинов е во плановите на тренерот Селчук Инан.
Во првата полусезона Дарко Чурлинов одигра 12 натпревари во дресот на Кочаелиспор, постигнувајќи два погодоци на единствениот меч од Купот на Турција.



