МакедонијаНајново

Четворица повредени во пожарот во Кочани се вратија дома – позната е состојбата на сите пациенти 

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар. На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера.За денес нема најава за враќање други пациенти од странство. 

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons