Чаша вода пред оброк може да го намали обемот на половината
Пиењето вода за поддршка на процесот на слабеење долго време е присутно во популарната култура, но неодамнешната научна литература дава појасни одговори на прашањето: дали правилната хидратација навистина може да помогне во намалувањето на абдоминалните масти?
Студија објавена во списанието „Прекумерна дебелина“ покажа дека зголемувањето на внесување вода за 1,5 литри дневно во тек на 8 недели, без други промени во исхраната или физичката активност, може да резултира со просечна загуба од 2 килограми кај лица со дебелина.
Механизмот вклучува намалување на нивото на хормонот грелин – познат и како „хормон на глад“, како и поттикнување на термогенеза, односно потрошувачка на енергија преку производство на топлина.
Вода и хормонската регулација на апетитот
Според клиничко истражување објавено во 2010 година, пиењето 500 милилитри вода пред оброците доведува до привремено зголемување на базалниот метаболизам и чувство на ситост, што го намалува вкупното внесување на калории.
Препораките се менуваат постојано, но Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) наведува дека возрасните жени треба да консумираат околу 2 литри, а мажите околу 2,5 литри вода дневно – вклучувајќи ги и течностите од храната.
Редовното пиење чаша вода пред јадење е едноставен и ефикасен начин што може да помогне во намалувањето на обемот на половината и да поддржи поздрав метаболизам.



