Часовници на Шумахер продадени за 4,1 милион евра
Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста.
Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 – Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи’с“.
– Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.