Актуелно

ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле  63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

-Инаку, имало 618 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението од ЦУК.

Во соопштението се додава дека немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

Инаку, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово од 13.10 до 13.45 часот со едно противпожарно возлоо и двајца пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре околу и во контејенер покрај ул.„Доне Божинов“ во Куманово.    

Македонски железници до ЦУК испратиле известување дека поради последици од поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче – Драчево се уште се одвива заобиколно, односно  преку Маџари – Трубарево кон Драчево и обратно.

РЦУК Скопје, информира дека од ЈСП Скопје, известиле дека поради изведување градежни работи на пат, автобусите на линиите  18, 58, 63А , 66, 66А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење 

Од фирмата „Мактек Дооел“, известуваат дека утре (28.04.2025) на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба,  „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12.00 до 16.00 часот, за потребите на „Гранит“ АД – Кичево.

Истовремено, информираат дека од 28.04.2025 до 02.05.2025,  стручниот тим на  „Мактек Дооел“, ќе  изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје –„БЕХТЕЛ И ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД – Обединето Кралство“  на локалитетот: С.Бањица (км 7+200 до 9+721 км), Автопат Коридор 8 и 10, Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа Струга – Ќафасан.

-Сите итни случаи се пријавуваат на 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, соопшти ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons