Актуелно

ЦУК: Активни се 6 пожари, апел за одговорно однесување на отворен простор 

По најавеното зголемување на температурите, кои според УХМР ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени, апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор, апелираат од Центарот за управување со кризи.

„Уште еднаш упатуваме силен апел до граѓаните за внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број во ЦУК – 112“, се вели во апелот на ЦУК.До 14 часот регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола, а еден е изгаснат.Активни се пожарите во општините Василево (село Нивичино каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), два во Македонски Брод (кај селото Грешница каде гори мешана шума и сува трева и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Прилеп (гори мешана шума помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил), Ресен (горат трски и сува трева кај селото Волкодери, кај местото викано Сирхан), Желино ( село Церово, гори нискостеблеста деградирана шума).Под контрола се пожарите во Дојран и Велес.Изгаснат е пожарот кај Групчин, Општина Желино.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons