ЦУК: Активни пожари на неколку локации во Македонија
Од ЦУК известуваат за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот.
РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода).
Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје.
Од 112 добиена е пријава за пожар во Долно Лисиче, м.в.Чаталот (Општина Аеродром). Известени се БППЗ на Град Скопје
РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој што започна во 16:23 часот на ден 28.06.2025 година во атарот на с.Бешиште, во близина на границата со Република Грција е активен.
Според последните информации добиени од ЈП НШ „Црн Бор“ – Прилеп, пожарот е приземен во уредена шума со бор, даб и бука. Пожарот е поделен на два краци и тоа: Првиот крак е према кај м.в.Уров во атарот на с.Бешиште и Вториот крак е према с.Градешница (Општина Новаци).
Пожарот е на многу непристапен терен за гаснење и дополнителна потешкотија за гаснењето претставува постојаните детонации од заостанати гранати (НУС) од предходните војни. Во моментов на лице место има 4 вработени од ЈП НШ со 1 возило.
РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Свети Николе од околу 11:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради пожар во атарот на с.Ерџелија (Општина Свети Николе) каде гори сува трева и стрниште. Во моментов пожарот е локализиран.
РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, до 11:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена сува трева и грмушки на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на Неготинска Петља.