Црвениот крст привремено ги прекина операциите во Газа
Црвениот крст денес објави дека е принуден привремено да ги прекине своите активности во Газа поради интензивирањето на израелските воени операции.
Организацијата предупреди дека десетиците илјади луѓе што останале во градот се соочуваат со „ужасни хуманитарни услови“.
„Интензивирањето на воените операции во Газа го принуди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) привремено да ги прекине своите активности во својата канцеларија во Газа и да го премести својот персонал во канцеларии во јужниот дел на Појасот Газа, со цел да се обезбеди безбедноста на тимовите и континуитетот на операциите“, се вели во соопштението.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ или ќе бидат „сметани за терористи“.