Циклонален вртлог во Македонија ни носи нови врнежи од дожд и од снег
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на циконска активност која од Џеновскиот залив полека се преместува кон Јонско море и јужен Јадран токму ова повторно ќе услови да се формира нов бран на врнежи односно влажен воздушен бран кој денес Четврток 29 Јануари 2026 и во текот на ноќта кон утрешниот ден Петок 30 Јануари 2026 во Македонија на повеќе места ќе предизвика да имаме нови врнежи кои ќе бидат од дожд во градовите а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег.
Локално за време на овој нов бран ан врнежи ќе наврне околу 15 литри воден талог на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремен дожд со слаб до умерен интензитет а на околните повисоки планини ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите тие денес Четврток 29 Јануари 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 6 степени.



