Актуелно

Цените повисоки, грамажата намалена, но државата вели – сè е законско 

Покрај поскапувањето на храната и средствата за хигиена, бројни поплаки од граѓаните доаѓаат и за намалување на количината во истите пакувања и амбалажи. За да се увериме во тоа, Алсат посети дел од маркетите. Во разговорот со продавачите тие нè упатија кон производите кои очигледно имаат помала тежина од порано. Не можејќи да снимаме внатре во објектите, купивме неколку од основните производи кои му се потребни на секое семејство за секојдневна употреба.

Иако цените се зголемени, грамажата или литрите им се намалени. На пример јогуртот од 1,5 кг, сега е 1,45 кг, гравот од 500 гр, сега е 450 гр, тестенините од 500 гр, сега се 400 гр, киселото млеко од 500 гр, сега е на 400 гр, павлаката од 1 кг, сега е 800 грамови. Еве и друго. Јогурт од 1л сега е 900 мл, лебот од 500гр сега е 470гр, брашното од 1кг сега е 850гр, оризот од 1кг сега е 800гр. Чипсот од 200гр сега е 150гр, маслото од 1л сега е 905мл, оцетот од 1л сега е 700мл, детергент од 3л сега е 2.880 мл, газирани пијалоци од 0,5 литри сега се 0,45 л, како и јајца кои со цената која сте купувале 30 јајца, а сега за таа цена добивате само 20 јајца.

Но, дали властите треба да интервенираат за да ги заштитат граѓаните? Од Државниот пазарен инспекторат велат дека намалувањето на грамажата или литражата кај храната и хигиенските производи е во ред бидејќи количината ја одредувал производителот, согласно пазарната цена.

„Прекршок е само во случаи кога количината не е иста со вредноста напишана на пакувањето, но според теренските контроли, ваквите случаи се многу ретки. Немаме такви поплаки од граѓани“, наведуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Во меѓувреме, од Организацијата на потрошувачи на С Македонија велат дека граѓаните се оставени на милост и немилост, кога производителите и трговците наоѓаат различни начини да дадат помалку, а да добијат повеќе. Според оваа невладина организација, надлежните институции треба да им дадат приоритет на интересите на граѓаните, а потоа на профитот на компаниите кои ја искористуваат секоја законска дупка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons