Цените на билетите за Евровизија отидоа до вселената: Ќе се шокирате кога ќе дознаете колку чини големото финале!
Првото полуфинале на Евровизија 2025се одржува вечерва во швајцарскиот град Базел, а билетите чинат од 21,274 дeнари,додека цените за втората полуфинална вечер варирале од 16.787 до 21,274 дeнари.
Цените на билетите за финалето се движат од 25.733 до 60,248 дeнари, пишува К1.
Церемонијата за добредојде официјално ги започнува свеченостите за Евровизија 2025, полуфиналињата се закажани за 13 и 15 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во арената „Сент Јакобшале“ во Базел.
Во првото полуфинале, кое ќе се одржи на 13 мај ќе настапат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Швајцарија, Кипар.
Во второто полуфинале, кое ќе се одржи на 15 мај, ќе настапат Австралија, Црна Гора, Ирска:, Латвија, Ерменија, Австрија, Обединето Кралство, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Франција, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Германија, Србија, Финска.
Македонија и оваа година нема да учествува на Изборот на песна за Евровизија.