Актуелно

Цената на струјата за еден ден се зголеми за 43 отсто 

Ценатат на струјата на слободниот пазар ја надмина бариерата од 800 евра за магават час. Денеска во пикот од потрошувачката, односно во попладневните и вечерните часови, на унгарската берз „ХУПЕКС“’ еден мегават час струја се продава за 803 евра што е за дури 43 отсто повеќе од вчера кога цената беше 560 евра. 

Тоа значи дека за само еден ден поскапувањето на струјата на слодобнито пазар се движи од 34 до 43 отсто. Цената ќе продолжи да расте, па така утре мегават час струја ќе чини 748 евра, додека во пикот од денот ќе се продава за 808 евра.

Фјучерските  односно однапред договорените количини на струја кои ќе се купуваат во текот на последниот квартал на оваа година и во наредната 2023 се движат во рангот на 450 евра.

Предвидувањата на сите експерти се дека оваа зима ќе падне и барирата од илјада евра за мегават час, а тоа се должи ограниченото снабдување на западноевропските држави со руски гас како одмазда на официјлана Москва за военотехничката помош на Унијата кон Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons