МакедонијаНајново

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според нив се додека има интерес ќе расте и цената со можност за нејзино стабилизирање но не и намалување.

Од ССМ велат дека не ги оправдуваат овие цени на становите посебно не во Скопје зошто на овој начин цените се далеку од реалните и далку од нормалните кои треба да ги има овој пазар. Од ССМ велат дека градежниците манипулираат со цените на становите, но и дека нивните трошоци не се зголемени за 40 отсто за да биде и волку висока цената на квадратот во Скопје.

Неодамна и од Владата најавија дека ќе се обидат да ја спуштат цената на квадратот преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое ќе почне со изградба но и продажба на згради се со цел да се намали цената. Од Владата се надеваат дека ваквиот потег сериозно ќе го регулира пазарот на недвижности.

Во меѓувреме, официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека расте бројот на издадени одобренија за градење и тоа за 12 отсто во октомври годинава во однос на истиот период лани. А според податоците од последниот попис во земјава, секој трет стан во Скопје е празен. Овој податок покажува дека и натгаму купувањето на недвижности е еден од најсигурните начини на инвестирање на парите, но до кога тоа ќе биде исплатливо останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons