Актуелно

Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.  

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Се очекува по средбата со Сиљановска Давкова, мандатарот да даде изјава за медиумите.

ВМРО- ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons