Спорт

Хрватката Љутиќ победи и во Крањска Гора

20-годишната хрватска скијачка, Зринка Љутиќ го освои првото место на слаломската трка во словенечката Крањска Гора. За неа ова е втора победа по ред во слалом.

Со овие две победи по ред Хрватката го презеде првото место во генералниот пласман во слалом во Светскиот куп.

Во првото возење Љутиќ беше рамо до рамо со швајцарската скијачка Венди Холденер, но во второто возење изби осамнеа на врвот, Швајцарката имаше 16 стотинки заостанување, а трета заврши Ана Свен Ларсон од Шведска со 19 стотинки заостанување.

Минатиот викенд Зринка Љутиќ беше најдобра во австрискиот Семеринг, тоа и беше прва победа во кариерата во Светскиот куп, а веќе денеска ја оствари втората.

Во генералниот пласман Љутиќ е прва со 456 бодови, втора е Сара Хектор од Шведска со 447, а трета Камиле Раст од Швајцарија со 433.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons