Хет-трик на Бојан Миовски во дресот на Ренџерс
Бојан Миовски беше главниот играч на Глазгов Ренџерс во денешниот куп натпревар против Анан, гигантот победи со 5-0, а нашиот фудбалер даде три гола.
Миовски го отвори резултатот уште во 12. минута од натпреварот.
Во 32. минута Македонецот погоди со глава за 2-0.
Третиот гол Миовски го постигна од пенал, тоа беше погодок за 4-0.



