Херојот Трајковски испрати прва порака до цела македонската јавност (ФОТО)
Александар Трајковски по вторпат во својата кариера се покажа како кобен за Италијанците, најпрво во Торино кога одигравме 1:1 во 2017-та година, но што е уште поважно и вчера во историското бараж полуфинале.
Македонија го победи апсолутниот фаворит со 0:1, а херој на вечерта беше Трајковски кој постигна гол во судиското продолжение и со тоа им ја смрзна крвта на сите италијански фудбалски фанови.
Истовремено, офанзивниот фудбалер со овој погодок предизвика еуфорија меѓу македонските навивачи во Палермо и оние кои излегоа низ улиците во Македонија да го слават големиот успех, а сега испрати и прва порака после емоциите кои го донесе кај секој искрен фудбалски фан од нашата земја.
– Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо.
Интересно, судбината посака токму Трајковски да биде херој на „Ренцо Барбера“, стадион кој нему му е многу добро познат од времето кога ги бранеше боите на Палермо во италијанската елита.