Хамилтон: Уште кога ќе ставам кацига, ја чувствувам страста во Ферари
Трансферот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари е еден од најголемите во историјата на Формула 1. Британскиот Ф1-пилот е возбуден за новиот старт и вели дека нема никакви сомнежи дали ја направил вистинската одлука.
„Немам ни најмал сомнеж или прашалник во мојата глава. Јас сум на вистинското место во вистинско време и привилегија е да бидам тука, да се приклучам на овој тим и да работам со сите. Во Ферари е многу поинаку. Од моментот кога ќе го облечете оделото и ќе влезете во гаражата, ќе ја ставите кацигата и ќе седнете во пилотската кабина, ја чувствувате неверојатната страст. Сето тоа е толку возбудливо. Овој тим има неверојатна историја и како дете ми беше сон да возам за Ферари. Сè уште ми е тешко да поверувам дека ова е вистина. Имам толку многу очекувања.“, изјави Хамилтон.
Новата сезона во Формула 1 започнува во месец март