Спорт

Хамилтон доживеа несреќа на тест-возењето со неговото Ферари 

Луис Хамилтон е во Барселона оваа недела, каде продолжува да се интегрира во тимот на Ферари пред стартот на сезоната во Формула 1 во март

Луис Хамилтон денеска доживеа несреќа на патеката Барселона-Каталуња во неговиот последен тест за тимот на Ферари во Формула 1.

По неговиот првичен тест во Фиорано минатата недела Хамилтон и неговиот тимски колега Шарл Леклер пристигнаа во Шпанија на тридневен приватен тест на автомобилот Ферари СФ-23.

Двајцата возачи излегоа на патеката во вторникот, при што Хамилтон го искористи тестот за дополнително да го запознае со автомобилот Ферари.

Тестот продолжи денеска наутро, меѓутоа, дојде до прекин кога седумкратниот шампион во Ф1 беше вклучен во инцидент.

Медиумот „Рејсингњуз365“ јавува дека Хамилтон излегол од автомобилот неповреден откако удрил во бариера во последниот сектор од патеката.

Наводно, автомобилот претрпел оштетувања на суспензијата и на аеродинамичките елементи, што резултирало со поправки од механичарите на лице место.

Хамилтон треба да се врати во возачката кабина в четврток на последото возење во Барселона, пред тестот на автомобилот за 2025 година на 19 февруари во Фиорано, базата на Ферари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons