Спорт

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари.

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата.

Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons