Спорт

ФФМ добива нов претседател: Муамед Сејдини си поднесе оставка! 

Фудбалската федерација на Македонија ќе добие нов претседател, бидејќи Управниот одбор на вонредна седница ја прифати оставката на доскорешниот прв човек Муамед Сејдини.

На седницата попладнево веднаш по натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови, Управниот одбор го направи очекуваното, ја прифати оставката на Сејдини чиј мандат секако истекуваше во март. Исто така, закажано е и изборното собрание за 22 декември и на него се очекува да биде изгласан новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија. 

До изборното собрание во декември Сејдини ќе остане на претседателската функција и ќе го доработи започнатото.

Муамед Сејдини седна на претседателското столче во ФФМ во 2018 година, по заминувањето на Илчо Ѓорѓиевски. Претходно четири години беше вицепретседател. Во неговото „владеење“ Македонија за првпат играше на едно големо натпреварување, Европското првенство, а исто така и бараж за Мундијалот во Катар. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons