Спорт

Фудбалското првенство во Украина заврши без шампион

Фудбалското првенство во Украина кое беше прекинато поради војната, нема да продолжи, а нема да биде прогласен ниту шампион. 

Првенството во Украина беше прекинато во февруари кога почна воената инвазија на Русија. Војната се уште трае, нема услови за фудбал, па донесена е официјална одлука шампионатот да не се доигра. Нема да биде прогласен шампион, но екипите на Шахтар и Динамо Киев ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите. Во моментот кога беше прекинато првенството, Шахтар беше прв со 48 бодови, додека Динамо Киев имаше два помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons