Фудбалер со македонско потекло стана најмлад стрелец на Црвена звезда во Европа
Црвена звезда синоќа со 2-1 загуби на гостувањето кај Порто во меч од Лига Европа, а единствениот гол за црвено-белите го постигна Василје Костов.
Василије Костов е фудбалер со македонско потекло кој има и македонски пасош, но роден е во Белград и настапува за младинските селекции на Србија, се очекува наскоро да дебитира и за сениорскиот состав. Во минатото ФФМ се обидуваше да го наговори да игра за Македонија, но Костов ги одби повиците.
17-годишниот фудбалер беше најдобро оценет играч во составот на Звезда на вчерашниот меч.
Погледнете го голот кој го постигна, а со кој влезе во историјата како најмлад играч на белградскиот тим кој постигнал гол во Европа.