Спорт

Француски Лион исфрлен во Втора лига!

Олимпик Лион пријави големи финасиски проблеми уште во текот на летниот преоден рок и во еден момент ги стави сите играчи на продажба, но иако се чинеше дека кризата е пребродена, сепак француската дирекција за контрола на управување (DNCG) утврди низа неправилности и денеска изрече казна за фудбалскиот великан.

Контролата за Управување во своето соопштение појаснува дека Лион во наредниот период ќе биде под целосен надзор за својата финансиска работа, а доколку не успее да ги подмири долговите до крајот на сезоната, клубот ќе биде исфрлен од Прва лига.

Француската организација појаснува дека Лион во моментов добива „привремено исфрлање“ во Втора лига, а истото ќе стане и перманетно доколку не се подобрат финансиските извештаи и не се подмират долговите кои ги има клубот заклучно со јуни 2025-та година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons