Свет

Французите штрајкуваат и излегуваат на улиците 

Деновиве Франција доживува бран штрајкови и протести кои ја парализираат земјата. Повод е нацртот за државниот буџет за 2026 година, кој властите го претставуваат како неопходен чекор за намалување на растечкиот јавен долг, додека синдикатите и граѓаните го доживуваат како напад врз социјалните права.

Според планот на владата, се предвидува значително намалување на јавните расходи, што би можело да влијае на здравството, образованието и транспортот. Покрај тоа, реформите на пензискиот систем и евентуалното одложување на пензионирањето предизвикаа дополнително незадоволство кај граѓаните.

Синдикатите бараат богатите и големите корпорации да го преземат поголемиот дел од товарот, предупредувајќи на растечката социјална нееднаквост и намалувањето на куповната моќ. Според нивните проценки, буџетот најмногу ги погодува граѓаните со пониски и средни приходи.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од политичкиот контекст – новиот премиер Себастијан Лекорну ја презема функцијата во време кога кредитните агенции го намалуваат рејтингот на Франција, а Брисел бара враќање на буџетскиот дефицит во дозволените граници.

Во таква атмосфера на незадоволство, синдикатите повикаа на масовни протести и штрајкови, а проценките велат дека на улиците би можеле да излезат до 900.000 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons