Магазин

(Фото 18+) Ова се старлетите кои паднаа во Белград за елитна проституција: Земале по 5 илјади евра од вечер 

Учесничките во српските ријалити програми Сања Станковиќ и Наташа Шавија наводно биле фатени во голема полициска акција во Белград во која биле уапсени 29 лица, кои се осомничени за поврзаност со елитна проституција, пишуваат вечерва српските медиуми.

Сања Станковиќ

Како што дознава „Република.рс“, старлетите наводно со клиентите стапувале во контакт преку двајца мажи, па биле во белградски хотели со муштерии на повеќе локации.

Девојките биле подведени од Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а покрај Станковиќ и Шавија, на списокот се и Плејбој зајачицата Мартина Рајиќ и други девојки. Против сите девојки на списокот, како и против организаторите се поднесени пријави, по некои се уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство, пишува Република.рс.

Наташа Шавија
– Во голема полициска акција одземени се лаптопите, УСБ-уредите каде се чуваат сите податоци, како и цените на услугите што ги даваат девојките кои работат за Душко и Никола. На компјутерот се пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиенти, забави на кои договориле работа, каталози и хотели каде што престојувале. Тие преку Јелена Јојиќ – Мадам организираат девојки, прават групи и оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, но понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот свет, а се подготвени да платат. Се наведува и дека цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Сања се фатени во проституција со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ е фатена на дело. Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ Мадам, лисици и биле ставени и на Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција. Мартина ќе биде сослушана како сведок, наведува изворот.

Макроата Душко и Никола наводно подолго време живеат заедно во љубовна заедница.

-Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Тие двајца веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлетите кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени, па со заедничка согласност е договорена работата. Се случувало работите да се договараат на места додека сите биле на излегување на разни сплавови, па на девојките биле телефонски повикувани, поретко и преку покани и пораки со адреси каде и кога да се сретнат со клиентите – изјавил извор за споменатиот медиум.

Инаку, на Сања Станковиќ и се губи секаква трага откако пред неколку дена се појави во емисијата „Магазин ин“ што се емитува на Пинк, а телефонот оттогаш е исклучен.

Душко Бањац на јавноста и е познат од поодамна, како менаџер на пејачката Каја Остојиќ. Во 2016 година е осуден на седум месеци затвор и парична казна од 100.000 динари за посредување во проституција. Бањац и двајца помошници го измамиле Ѓ. М.(17) од Панчево во стан на улица „Димитрија Туцовиќа“ бр.51 во Ѕвездара.

Вишиот суд во Белград ја прифати спогодбата за вина, која Бањац ја склучи со Вишото јавно обвинителство во Белград. Низ кулоарите се зборуваше дека за Бањац работеле и познати пејачки, манекенки и манекени, од кои некои претходно ги видовме во реалните шоуа „Фарма“ и „Велики Брат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons