МагазинНајново

(ФОТО) УХМР со ново предупредување: „Жолт“ хидроаларм за две третини од територијата на државата – еве кои градови се „безбедни“

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вчера издаде ново предупредување од жолто ниво за можна опасност од поплави за во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Според издадениот хидроаларм, состојбата со водотеците во земјата се оценува како потенцијално опасна.

Како што може да се види на картата од УХМР, две третини од територијата на земјата е означен со жолта боја, што укажува на потенцијална опасност, додека источниот и југоисточниот дел е означен со зелена боја, што значи дека таму нема опасност од излевање на водотеците.

УХМР апелира до граѓаните во регионите означени со жолто да бидат внимателни и да ги следат сите известувања за состојбата со реките и водотеците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons