ФОТО: Украинците го уапсија кумашинот на Путин, проруски политичар кој избега од притвор
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вечерва објави дека тајните служби на Украина го заробиле прорускиот опозициски политичар Виктор Медведчук, кој избегал од домашен притвор кој му бил одреден по обвинението за велепредавство.
Контроверзниот политичар, којшто е во блиски пријателски и кумски односи со рускиот претседател Владимир Путин, е обвинет дека пренесувал пари од руски државни компании до сепаратистите во Донецк и Луганск.
Според американските власти, Медведчук, кој е под санкции од САД, бил можен избор на Москва за предводник на евентуална марионетска влада во Киев, во случај Русија да ја преземе контролата врз Украина. Тој на 27 февруари, три дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, избегал од куќниот притвор.
„Беше изведена специјална операција, благодарение на Безбедносните сили на Украина. Добро сторено! Детали ќе бидат објавени подоцна. Слава на Украина“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, објавувајќи слика од уапсениот Медведчук.
https://www.instagram.com/p/CcQqp2IoqbQ/?igshid=YmMyMTA2M2Y=