(Фото) Силјановска Давкова го испрати Пендаровски од Вила Водно
Гордана Силјановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2024/05/siljanovska-pendarovski3-690x388.jpg)
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2024/05/siljanovska-pendarovski9-690x388.jpg)
Силјановска и Пендаровски остварија тет-а-тет средба, по што новоизбраната претседателка со срдечен поздрав го испрати Пендаровски од Вила Водно.