ФОТО: Првата електронска алка кај осуденик од Велес, започна извршувањето на пресудата куќен затвор
Притоа, овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната.
Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за првпат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор.


-Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци , а лицето има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа. Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација, информираат од Управата за извршување на санкции.


Притоа, овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната.
