ФОТО: Неколку сообраќајки пред Свети Николе откако падна град со големина на орев
Најмалку две сообраќајни несреќи се случиле околу 15 часот на автопатот Штип – Свети Николе на два километри пред Свети Николе откако во тој реон падна силен град, со големина на орев и го забели патот и околните ниви.
Очевидци за „Слободен печат“ кои поминаа по оваа делница велат дека едно возило излетало од патот во долот и веројатно има повредени, а по патот има и верижен судар на неколку возила.
Полицијата се упатила кон iместото на сообраќајката, јавија нашите соговорници кои предупредуваат дека поради градот, патот е влажен и треба да се вози со намалена брзина и многу внимателно бидејќи е лизгаво.