Фото: Моника Белучи дама со стил!!
Модната икона и дива, Моника Белучи повторно ги воодушеви сите со своето појавување на настан на брендот Картие во Дубаи.
Една од најубавите жени ан светот во последните неколку децении на тој начин го потврди својот статус на модна и филмска дива.
Нејзиниот изглед привлече големо внимание, а причина за тоа не беше само впечатливиот фустан од тантела, туку и деталите кои го направија нејзиниот стајлинг беспрекорен.

Моника Белучи за овој настан избра црн фустан од тантела од најновата колекција на Баленсијага, кој ги спои елеганцијата и сензуалноста. Како голем љубител на црните фустани од тантела, Моника избра модел кој одлично ја следи линијата на телото по целата должина, а особено се истакнува по проѕирниот материјал и сензационалната тантела.

Деталот кој дополнително го издигна целиот стајлинг беше ланчето од брендот Картие, кое одлично го комплетираше изгледот на Моника, зад кој стои Барбара Баумел, која успеа да создаде баланс помеѓу класичната елеганција и модерните елементи, правејќи Моника Белучи да изгледа како модна божица.