(ФОТО) Лични карти и пасоши ќе вадиме во спортски сали
Министерството за внатрешни работи продолжува со организацијата на поставување на вонредни пунктови за вадење на лични документи, без претходно најавување.
24инфо.мк доби увид во последните подготовки на просториите кои ќе бидат стационирани во Кисела Вода.
Таму веќе се подготвуваат новите кабини за фотографирање. се поставуваат компјутери, терминали и камери, а по поствувањето на параваните, за неколку денови од сега, овој простор ќе добие 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за нови лични документи.
Пунктовите ќе служат за фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година. Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.
Според Преспанскиот договор, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.
Фото: 24 Инфо