ФОТО: Жолт картон за владата од студентите: Ова нема да ви помине!
Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17.30 часот пред Влада протестираше потенцирајќи дека треба да се изврши зголемување на износот на субвенцираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.
Со различни транспаренти, тие упатија порака до Владата и надлежните институции дека „ова нема да им помине“ и дека ќе продолжат да се борат за своите права.