(Фото) Голем пожар вечерва во источниот дел на Македонија
Гори планината Беласица, објави пред малку локалниот портал Стримица денес.
Од пред околу еден час, во непосредна близина на селото Смолари, на три точки се појавија огнени јазици кои за жал поради сувото време излегуваат од контрола.
Пожарникарските екипи се таму и вложуваат натчовечки напори, но, борбата ќе биде долга и тешка, објави порталот.
Очекуваме повеќе информации во текот на вечерта.