Свет

(Фото) ВОНРЕДНА ВЕСТ: Тешка сообраќајка утрово, едно лице загина, министерот за одбрана повреден – несреќа кај Винковци во Хрватска

Возач на комбе загина рано утрово во тешка сообраќајна несреќа во Винковци во која со својот автомобил учествувал и министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој во таа незгода е повреден, извести Министерството за одбрана на Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Несреќата се случила на државниот пат ДЦ-55 на излезот од Винковци кон Жупања, а во неа учествувале министерот за одбрана Марио Баножиќ со лично возило и возачот на комбе.

Во сообраќајна несреќа загина возачот на комбето. На министерот за одбрана му била пружена помош во Жупаниската општа болница Винковци.

Во тек е истрага која ја води заменикот на жупаниското државно правобранителство во Вуковар. Од полицијата во Винковац потврдија дека дошло до несреќа, но повеќе информации ќе дадат дури по завршување на истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons