Фон дер Лаен: Русија повеќе нема да може да ја уценува Европа
„Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси. Нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува санкции барајќи плаќање во рубљи за своите испораки на нафта и гас“, кажа денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.
„Тоа би била унилатерална одлука и јасно кршење на договорите“, кажа таа коментирајќи го барањето на Русија енергенсите да ѝ бидат плаќани во рубљи, пренесува Ројтерс.
„Тоа е обид да се заобиколат санкциите. Ние нема да дозволиме нашите санкции да бидат избегнати. Времето кога енергетиката можеше да се користи за да нè уценувате помина“, кажа Фон дер Лаен.