ФИФА обезбеди рекорден фонд за Светското клупско првенство
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФАО) подготвува награден фонд од милијарда долари за клубовите кои ќе учествуваат на годинашното Светско клупско првенство, прво што ќе се игра во нов формат.
Повикувајќи се на повеќе извори, Би-Би-Сипишува дека 32 клуба, од кои 12 се од Европа, ќе поделат една милијарда долари на овогодинешното Светско клупско првенство. Тоа секако би било клупско натпреварување со најголем награден фонд.
ФИФА се бореше да најде спонзори, но глобалниот договор за ТВ права потпишан кон крајот на минатата година со стриминг платформата „DAZN“ се чини дека ги започна работите. Само тој договор за радиодифузија вреди точно една милијарда долари.
Клубовите ќе добијат парична награда за самиот пласман, за минување на групата и за секој следен чекор до финалето. Би-Би-Си наведува и дека ФИФА и Асоцијацијата на европски клубови преговараат за некаква солидарна исплата на клубовите кои не учествуваат на турнирот. Секако, ЕЦА преговара во име на европските клубови, но се очекува договорот да биде „префрлен“ на клубови од Африка, Азија и Америка.