Спорт

ФИФА ги претстави маскотите за СП во 2026 година

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги претстави трите маскоти за претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Канада ќе биде претставена од лосот „Мејпл“, а САД од орелот „Клач“. Јагуарот „Зају“ ќе биде маскотата на Мексико.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година. За првпат во историјата, рекордни 48 репрезентации ќе учествуваат на Светското првенство во 2026 година.

sportmedia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons